МК има свои Devo: The Local Blue//The Mook

The Local Blue за себе:

The Local Blue е динамично психоделично трио од Скопје. Нивниот звук не може да се категоризира низ секојдневните вибрации и жанрови. Напротив, динамиката и текстурата во звукот на The Local Blue претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите. Целат кон алтернативно пронаоѓање во музиката и целосно аудио-визуелно доживување!

Константната склоност кон импровизациските преформанси им помага во развојот на нивните творечки процеси и воедно им дава целосна слобода во хармоничното изразување на невербалната комуникација и реализација на самата содржина.

Кристијан Новковски - тапани
Кристијан Савиќ - гитара
Панде Ефтимов – бас

7 декември 2019 - 10:05