Новиот олдскул

Druggy, Kацар и Џоле со нов албум: Натенане

„Нашиот град сè повеќе личи на "фавела", а новиот албум го рефлектира тоа во звукот, стилот и лириките. Го направивме натенане и го нарековме „НАТЕНАНЕ“, велат артистите.

Албумот го носи препознатливиот искрен и автентичен стил кој ја опишува нашата балканска средина, со влијание на звукот од јужноамериканската улична музика и енергија. Инструменталите и продукцијата се дело на Druggy (Драги), додека текстовите и изведбата ги потпишуваат Кацар и Џоле. 

„НАТЕНАНЕ“ е достапен на сите дигитални стриминг платформи, вклучувајќи YouTube и Spotify.

6 октомври 2025 - 09:53