Волонтерите на Црвениот крст ве викаат на претстава

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје во соработка со Средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ и здружението „Животна искра“ на 06.03.2018 година на факултетот за драмски уметности со почеток во 20 : 30 часот ве покануваат да го проследите мјузиклот „Тeатар во визба“ по сценарио и режија на Снежана Конеска Руси.
И оваа година традиционално во пресрет на денот на жената 8ми март ќе се посетит клиниката за онкологија. Влезот е слободен, а собраните средства од вашите донации во касичките на Црвен крст ќе ги наменат за мали подароци за пациентките оперирани од канцер.
Со овој гест сакаме да дадеме поддршка кон пациентките кои се борат против ова заболување, а воедно и да ја подигнеме јавната свест.

Ве очекуваме!

5 март 2018 - 08:50