Карпош е за гушкање
Почитувани.
Ве известуваме дека во недела, 14.2.2016 г., (Денот на вљубените) во 12 часот, ние, жителите на Карпош 4, ќе организираме настан – гушкање на дрвјата во нашата населба во паркот на ул. „Љубљанска“ (наспроти почетната станица на автобусите бр. 15 и 19). На овој начин симболично ќе ги покажеме нашата љубов и почит кон природата и нашите заложби за зачувување на животната средина.
Ги покануваме жителите на општина Карпош и сите останати општини на територија на градот Скопје, како и сите наши пријатели и поддржувачи, да дојдат повторно, да се забавуваме на еконачин и заедно да ја сакаме природата, да се запознаеме и да се информираме. Дружбата ја организираат иницијативните одбори на неформалните здруженија „Ние сме Карпош 4“, Карпош 3, Тафталиџе 1, а за првпат ни се придружуваат и нашите соседи од Тафталиџе 2 - урбани заедници кои веќе делуваат здружено за зачувување на автентичноста на нашите населби од уништување.
Со почит,
„Ние сме Карпош 4“
* Фотографиите се од минатиот пикник, одржан на 27.09.2015