Камбовски беседи

По повод Денот на Европа, во МАНУ, мај 2014:

„Секому е јасно дека вештачки конструираните прашања на македонскиот национален идентитет, јазикот и уставното име на Република Македонија не се предмет на преговори, затоа што не можат да бидат тоа. Тие не се врзани за државата, туку за поединецот и неговите природни слободи и права - на идентитет, јазик, име што тој ќе и го даде на својата држава, така што ниедна влада или друга државна институција или поединец во нив нема легитимно право да ги проблематизира, преговара или договара нешто за нив. Тие не можат да бидат ни предмет на референдум, закон, уставна измена или каков и да е акт на државата, затоа што се природни, неотуѓиви и неоктроирани права, недопирливи за државата.“

Владо Камбовски

виа

30 септември 2018 - 09:46