Инспекторот не е пронајден

Фино и професионално го смислиле тоа. Државниот пазарен инспекторат да има веб сајт на кој луѓето лесно ќе се снајдат, ќе го најдат соодветното одделение и ќе пријават некоја неправилност, измама или сомневање. И сето тоа го има: и прегледна мапа со региони и конкретни информации за нивните 11 одделенија. Ама оди кликни на нешто.  

Пробајте вие, може ние не знаеме да кликаме :)

п.с. Имаат и дел „ОПАСНИ ПРОИЗВОДИ ОТКРИЕНИ НА ПАЗАРОТ ВО РСМ“.

Мислите дека можеби таму ќе најдете нешто за нашите пиперки во кои Хрватите деновиве нашле пет пати повеќе пестициди од дозволеното?

Не бидете зелки. 

На сајтот стои дека последен пат е откриен опасен производ лани, во 2024 година! Се работи за заштитен шлем за работници (кој бил доброволно повлечен од пазарот).

Тоа значи дека цела 2025-та година сме ја живееле опкружени со безбедни производи на пазарот.

Накривете шлем и продолжете со лупење. 

 

 

 

8 октомври 2025 - 11:41