Дина Беленко за Никулец
на 13ти јуни, 2016 година, креативната онлајн платформа Никулец прославува три години од своето лансирање. Оваа тригодишнина, ја одбележуваат со изложба на неколку дела на Дина Беленко, фотографката од Хабароск, од далечниот исток на Русија, која низ фотографите оживува безживотни предмети. Создава хипнотизирачки панорами со прикази од вселената, на еден мошне необичен начин. Во процесот не се служи со ексклузивни телескопи, туку со кујнски алат, крофни и многу брашно.
Делата на Дина ќе бидат изложени на настанот под име „Патронат“.
Креатор и уредник на Никулец е Радмила Бошкова.