Давид Нешкоски во „Станица 26“

Концертната агенција и продукција „3 гонга“ најавува светска премиера на триото The Daf Project на нашиот блуз и рок-гитарист Давид Нешкоски, кој дел од своето музичко патешествие го помина во САД каде што има настапувано и соработувано со голем број познати музички имиња од блуз\рок-сцената во Њујорк и Лос Анџелес.

Во „Станица 26“ ќе настапи во придружба на Филип Јездеќ и Александар Шилоски. Концертна промоција на албумот Let Go е закажана на 26 октoмври (четврток) во ноќниот клуб „Станица 26“ со почеток во 22 часот.

24 октомври 2017 - 12:26