На Дојранското Езеро ќе биде изградена првата жичница на вода во Македонија. ќе биде изградена Преку ИПА повикот за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, општина Дојран проектот ќе го гради во соработка со Општина Кукуш.
Cable wake претставува забавен парк каде посетителите со помош на специјална опрема која ќе ја добиваат/изнајмуваат, преку електрично-управувани кабли ќе можат да скијаат на вода. Во водата ќе бидат поставени голем број реквизити кои ќе придонесат во зголемувањето на адреналинот и забавата за љубителите на ваквиот вид на спорт. Cable wake- паркот ќе работи во текот на целата година.
Овој спорт е популарен во Европа,а полека добива популарност и во САД. Само во Германија има повеќе од 85 паркови а со изградбата на ваков центар во Македонија , Дојран ќе биде првото и единствено туристичко место во земјава кое ја нуди оваа забава.