Како гости на Таксират ни доаѓаат:
- легендите на трип-хопот Morcheeba,
- едно од најголемите регионални имиња Zoster,
- авторот на хитовите "Ljeto Već Je Gotovo", "Kabriolet" и "Sedmo Nebo" Z++,
- швајцарскиот хит проект со над 5 милијарди стримови Kadebostany,
- eгипетскиот техно продуцент со изданија на најреномираните етикети Cocoon, Drumcode, Diynamic и Kompakt - Raxon
- и азербејџанската поп-рап ѕвезда Alizade.
Македонската страна ќе ја брани најдоброто од македонската музика:
- два спектакуларни 30 годишни јубилеи на бендови кои не им треба многу претставување - Фолтин и Смут,
- ексклузивна промоција на новиот албум на скопските хип-хоп иноватори КЕМ,
- метал хероите кои на сцената на Таксират ќе се качат по победaтa на Зајечарска гитаријада и второто место на Wacken Metal Battle Conspiracy
- и Sure Shotz како домаќини на Shorty P сцената
Оваа година Таксират за прв пат се сели во „Јане Сандански“. Фестивалот кој започна во МКЦ во 1999 година, 17 години живееше на Скопскиот саем, а потоа се пресели во арената „Борис Трајковски“.
За Скопје да биде вистинска Европска престолнина на културата, сме задолжени сите.