
- На 27 ноември, во четврток почнува новото издание на ПИН - меѓународната музичка конференција и концертен саем што ќе се одржува три дена, до сабота 29 ноември во скопскиот Младинскиот Културен Центар. Станува збор за единствениот ваков настан во Македонија, воедно прв и најголем на Балканот, а кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи ја пред македонската публика музичката авангарда и новата сцена од цела Европа.
- Со слободен влез за сите посетители, на ПИН 2025 ќе се одржат концерти на вкупно 55 музички артисти кои ќе настапат на 6 сцени во МКЦ, како и конференциска програма со над 30 панел-дискуии, презентации, предавања и работилници со повеќе од 400 учесници, музички професионалци, уметници, претставници на фестивали, клубови, медиуми, културни институции, кои пристигнуваат од над 30 земји ширум светот.



* Панелот насловен „From Bid Book to Real Life“, посветен на Скопје 2028, анализира: Ќе ја претвори ли Скопје титулата „Европски град на културата“ во трајни резултати, ќе поставиме ли јасни и транспарентни извршни субјекти, стандарди и календар на активности? Во оваа дикусија гостите се од Нови Сад, Веспрем (алумни градови) и Никшиќ 2030 (идна престолнина).
* Тешка, но неопходна дискусија опфаќа панелот кој се наметна по трагедијата во Кочани со сведоштва и експерти: што се случи во Македонија, што научи Романија (Colectiv) 10 години подоцна, и кои се минималните стандарди за клубови и фестивали за безбедно функционирање. На овој панел пристигнува еден од најголемите професионалци за безбедност на настани во Ирска, директор на најголемата компанија за обезбедување, како и гости од Романија, Франција, Грција и Турција.
Линкот на ПИН 2025 - овде
* Од пандемиската Пин:
Раде Шербеџија: Добредојдовте во Македонија