Поз ОфНетовци,
... моменталната светска ситуација ме потсети на еден веќе малце подзаборавени филм кој иако снимен далечната 1985та... беспрекорно ја објаснува тековнава свецка состојба, а впрочем и сите други каде што малите и штотуку освестени народи ќе решат да си ја прават земјата по свој терк па ќе се судрат со интересите на оние поголемите, веќе изшлифувани општества кои научиле и да играат и прљаво. Па ја имате Енглеска, Куба, Америка, Француска, Русија, Обединети Нации... нафташи, водоношци, еколози, фронтови за ослободување, бедни незапослени локалци, алчни корпоративни штакори, белосвецки платеници, и по некоја рок ѕвезда... и све тоа у едно... спакувано у ова сатирично и генијално филмско доживување со Мајкл Кејн во главна улога.
Да не должам многу... филмов е "мора да се изгледа"...
Даниел А.
Даниел А.