По повод отворањето на салонот, НЕОТЕЛ подготви специјална промоција за сите потенцијални корисници кои ќе го посетат новиот салон. Имено, за склучен нов договор на 2 години, за некои од пакетите само за интернет услуга или интернет и телевизија за домашни корисници, првите 3 месеци ќе ги добијат без месечна претплата. Промоцијата е достапна само во новоотворениот салон и ќе трае до идниот четврток (21.11.2019 година).
Со отворањето на продажниот салон, корисниците ќе можат во убава и пријатна атмосфера да ги видат и искусат услугите на операторот. Според одговорните во компанијата, ова е само почеток на еден нов пристап во односот со корисниците. Намерата на НЕОТЕЛ е да продолжат со отварање на продажни салони и на други локации, со крајна цел доближување до потрошувачите.
Tелекомуникацискиот оператор е присутен на пазарот веќе 15 години и користи најмодерна технологија за своите услуги, како за домашни, така и за правните лица. На корисниците им нуди висококвалитетен оптички интернет на сопствена мрежа како и безжичен интернет преку ЛТЕ мрежа. Оптичката мрежа е веќе широко распоространета и постојано ја проширува како во Скопје така и во останатите градови. Повеќе од 2 години на корисниците им нуди софистицирана интерактивна телевизија достапна како на телевизиски уреди, така и на мобилни уреди и таблети.
(Комерцијален текст)