Во дворот на основното училиште ООУ Ј.Х Песталоци во општина Центар се слуша секојдневната врева што ја прават учениците, прераскажувајќи ги своите доживувања и задевајќи се со останатите соученици. Оние постарите се движат во групи од двајца, тројца, a нивните приказни не се за „сечии уши“. И ништо тука не е необично, се додека меѓу нив не се појави познатата насмевка на Ана која шири неверојатна енергија. Децата воодушевено гледаат во неа и го впиваат секој збор. Таа клечи додека разговара со нив, ги гледа право во очи, бидејќи го почитува тој иден доктор, фризер, политичар или пекар кому судбината му одредила токму таа да е негов наставник, да му даде поддршка, да му ја разгори фантазијата, да го поттикне на размислување и можеби да му го одреди животниот правец.
Ана Сенчук е суверен предводник на генерацијатa наставници што не се плашат да говорат на автохтон јазик и не се кријат зад сопствената титула. Отпорна на инертноста на образовниот систем и секогаш актуелна во пристапот кон учениците, Ана е добитник на признанието за наставник што највеќе је користи моќта на своето грло за позитивен импакт врз генерации и генерации ученици.
Признанието и е доделено како благодарност за долгогодишните залагања во наставната дејност, како двигател на позитивни промени во насока на привлекување и негување на најразлични таленти кај децата, поставувајќи највисоки стандарди во комуникацијата со учениците, но и со родителите, останувајќи на фронтот и однесувајќи се со интегритет.
На доделувањето на признанието присуствуваа и Мирјана Велкоска, директорка на ООУ Ј.Х. Песталоци, Весна Шуркова, психолог и Виолета Крстевска-Васиќ, педагог, кои со трепет раскажуваат колку ова признание значи успех, не само за Ана, туку и за целото училиште.
„Ние сме свесни за сите предизвици со кои се соочува нашето општество и во таа смисла нашето училиште поддржува и гради партнерски однос со својот тим наставници, со учениците и со нивните семејства, но и со локалната самоуправа и министерствата за остварување на максимум придобивски од школувањето и престојот во Ј.Х. Песталоци. Пресреќни сме што еден од нашите најдобри педагози и наставници е препознаен и валоризиран. Трудот, посветеноста и љубовта што Ана ги инвестира во своите ученици, креира деца полни со самодоверба, знаења и вештини, одважни да се изборат за своето место под сонцето, способни да ги артикулираат своите емоции и да бидат онаа „младина“ што ќе изгради убава иднина.“ - изјави Мирјана Велкоска, директорка на ООП Ј.Х. Песталоци.
ООУ Ј.Х. Песталоци децении наназад промовира најразлични аспекти за развој на потенцијалите на секој ученик и ја подобрува методологијата за идентификација и евалуација на тие аспекти за што поголема контрола и следење на развојот на учениците. Ова училиште континуирано ги охрабрува наставниците во напорот за обезбедување на подобро разбирање на потребите на децата и справувањето со предизвиците на модерното живеење.
„Ова е големо признание за Ана, но и за нас и огромна мотивација за во иднина, во контекст на обезбедување на одржливи вредности што перспективно ќе култивираат генерации на квалитетни ученици и квалитетни луѓе.“ - изјави Весна Шуркова, психолог.
„Во вакво грозничаво, динамично време во кое секој гледа да го преживее секој нов ден, тоа што над 600 семејства секоја година ни ги доверуваат своите деца, сигурни дека ќе го искористат максимуот од времето поминато кај нас, дека ќе бидат охрабрени и поддржани да го дадат најдоброто од себе, а притоа ќе останат безбедни и згрижени, среќни одејќи си дома за нас значи многу. Пресреќни сме што нашата Ана е препознаена и одликувана со честа да ја носи титулата на наставник што најмногу ја користи моќта на своето грло за позитивно влијание врз своите ученици.“ - изјави Виолета Крстевска-Васиќ.
ООУ Ј.Х.Песталоци несомнено е училиште што го сакаат децата, но и родителите, токму поради сознанието дека нивните најмили се развиваат во организирана и стабилна средина, амбиент со врвен наставен, педагози што промовираат позитивни практики и споделуваат вредности што севонајдобар интерес на децата.
„Во животот работите, творите и се обидувате да го направите тоа на најдобар можен начин, и не секогаш очекувате потврда за тоа. Сепак, кога ќе пристигне вакво признание, чувството е исклучително. Но ова признание не е толку за она што сум го направила, туку за она што допрва можам и треба да го направам во оваа најубава и најблагородна професија на светот“ - изјави Ана Сенчук.
Признанието што и го додели Септолете Тотал на Ана Сенчук повикувајќи се на своето мото „Твоето грло е твоја моќ“ e признание за нејзиниот ангажман и делување, професионалното знаење и совест, користејќи ја моќта на своето грло како еден од просветните работници што не ја изневериле етиката, моралот и логиката на својата професија.