Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За забава.
Деновиве неколкумина во Скопје забележале иста појава, а тоа се огромни сенки како поминале над нив, други пак забележале огромни стапалки. Трети пак, тврдат дека виделе џиновски јајца и претрчување на витези по должината на Булеварот Партизански Одреди.
Дали се овие појави поврзани или не, ќе покаже времето. Исто така останува да видиме дали други граѓани ќе потврдат вакви мистериозни случки.
Интересното во овие тврдења е дека сите појави се забележани во околината на населбата Карпош 4 во близина на Скопје Сити Мол.
Целта на оваа вест е да се сврти виманието на одредени појави во општеството и да ја насмее читателската публика. Секоја сличност со вистински луѓе или појави е случајна.