Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Кики е една од најубавите жени на светот.
Влатко Илиевски кој неодамна јавно ја испромовира новата девојка Марина Овезовска, која всушност му е и партнерка во шоуто Танц со ѕвездите, деновиве, наместо да ја бакнува и гризе саканата, ја љуби и каса манекенката Катарина Ивановска. На фотката која пејачот ја објави на Фејсбук, јасно може да се види како Влатче во стилот на "убавицата и ѕверот" од зад грб и приоѓа на Кики и пробува да ја гризне. Сепак, сексапилната манекенка била имуна на загризот на пејачот, барем така вели Илиевски.
"Ние долги години сме пријатели. Како брат и сестра сме. Јас знам се за неа, таа знае се за мене. Кики е една од најубавите жени на светот, би ја изел цела од што ми е преубава. Сепак, меѓу нас нема ништо. Се зезаме, се сликаме. Таа вечер бевме на настап на Игор Џамбазов", откри пејачот и актер кој во моментов е актуелен со претставата "Есенин" во која ја игра главната улога.