Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Прес 24.
Катерина Живковиќ многу ја погоди смртта за Славољуб Ставриќ кој почина денес во болницата во Ниш, пејачката со овој човек беше многу блиска.
Многу пејачи се простија од менаџерот, а Катерина на емотивен начин се прости од Ставриќ.
- Отиде мојот брат, мојот пријател и заштитиник, моја најголема поддршка, најдобарт менаџерм, моја десна рака, ми замина душа од човек. Ако некој се борел за мене, тоа е тој. Почивај во мир, Нека ти е вечна слава. Ќе те сака твојата сестричка засекогаш, навела пејачката.