МАН, четврти пат, 16 јуни, на Школка

М.А.Н. - македонски алтернативни награди ќе се оддржат по 4-ти пат на 16 јуни, со почеток во 12:00 па сè до 01:00 во Градскиот парк во Скопје, на добро познатата Школка во градскиот парк. Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), ЛЕГЕНДИ ќе ја примат наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена: Лева Патика, Васко Атанасоски, Зијан, Канго (постхумно), Клан Исток, No Name Nation, Royal Albert Hall, Розе Кадилак, SUNS, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – ХИНКИ (постхумно), Диџеј Гоце Мастер Г .


Годинава специјална награда ќе добие и филмот Исцелител на Ѓорче Ставревски и тоа не за успехот на филмот, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која иако не поддржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура.

8 јуни 2018 - 09:00