Ракијо, владарко

Да не прејудицираме, ама  оваа песна ги има сите потребни аудио-текстуални малигани за да стане следната алкохолна химна на просторите на поранешна Југославија. Музиката малку влече накај Тома (Дотако сам) ама затоа текстот ги гаѓа сите битни поенти на темата и ја доловува природната драматургија, кога човек го сфаќа својот очај, разумно ги сумира последиците, знае дека ништо од тоа не му треба и носи одлука - дај уште една.  

Каде факинг погрешивме?

Макфест, 1992 година. Моментот кога Игор Џамбазов (млад и свеж) решава освоената награда да му ја предаде на претседателот Киро Глигоров (стар и свеж) што бива акламативно поздравено од публиката. И друго нешто ни е муабетот. Колку години минаа од најавеното "души ќе прозборат, некој ќе дознае" а ние сè уште не дознавме "каде погрешивме".