Најголемото друштво кое денес ќе го видите

Македонија можеби кубури со луѓе ама со свињи нема проблем. На планински пат (од Крушево за Алдинци) не е необично да видиш диви свињи, ама да се 2, 5, 10, 20... Ама овие, по нашиот интерен попис (со стопирање видео), ги меѓу 90 и 100! Да ни дојдат во Скопје има да нè изедат.

Море сокол пие, од Вардар до Индија

Сцена од „Бродот на Тезеј“, индиски филм од 2012 година кој на фестивалот во Торонто беше оценет како скриен филмски бисер на таа година. Море сокол пие, на домашна забава, во дует.

Милан Тарот разбива магија како јајце

Некој грев од Бугојно му се јавува на Милан Тарот, најголемиот балкански трол на овие простори и драгоцен потсетник со кого ние сè живееме на овие простори. Да му разбиел магија. Чарето е шест пати да повтори „Јас сум Тарзан, господар на џунглата“а после две живи јајца да си ги скрши од глава. Што бе не?

Хибридна војна на патот Скопје - Тетово

Напната и докрај неизвеесна акциона сцена од македонски автопат: четири копита версус четири тркала. Нема да откриваме спојлери, само да споделиме дека ни е пишурија замислата да си македонски полицаец, дента да отидеш на смена и да немаш појма каде денот ќе те води.

Еве го вицот, еве го човекот!

Го немавме видено/чуено подолго време па малку се замисливме да не го има спакувано пандемијата и него, човекот за кој рековме дека треба да живее 100 години. Сарајлијата кој едвај чека да го чуе крајот на вицот. Вицот кој самиот го раскажува. Само чујте, прејак виц.