Нашиот Том Џонс се вика Семи Џонс

Како што репрезентативен натпревар започнува со македонската химна, имаме песна со која во иднина треба да започнува секое славење роденден на син во дијаспората.

Ковидот сепак не ни згреши до толку

Сања Цинцева и нејзиниот креативен тим решија да се фатат за орото на пандемијата и низ песна да ги простудираат сите аспекти на сложената релација меѓу ковидот и сексот. Молете Бога некој ден да не нè задеси пандемија на дијареа, тек тоа ќе биде песна за чудење.

Кој им е ПР Смислов во општина Битола?

Веќе немаме памет како треба со овој нивен пусти мерак за сликање по секој ебен повод. Во Битола ставиле маса за шах. Значи маса (комада, еден) на која ќе можело да се игра шах! Дец ит.

Како на Петрета му купија БМВ X6

Гурбетџиска приказна за еден горд татко кој на синот за роденден му купува јака кола (нови гуми, нови фелни, сè ново). Класика, тоа одело во живо на Фејсбук. Освен до родините и пријателите, поздрав има и до „мајка Германија, која ги исполнува сите желби“. Долгично (20 мин), ама па, шармантничко.

Мечки над Побожје

Чисто да знаете, ако решите да пешачите, да возите точак или да терате пикник во тој крај. Снимано деновиве, во седум наутро, над Побожје.