Ден на младоста

Песни за Тито

"Мајку вам божју, од сè што ви оставив, Јованка најдобро се држи", вака деновиве некој досетлив лик во името на Јосип Броз Тито ја попиша состојбата на оставнината на лидерот на кого генерации луѓе му се колнеа дека нема да скршнат од неговиот пат.

Ако денес ништо не ви значи неговиот антифашизам или братство и единство, тогаш сетете се дека тоа е човекот на кого Грците не смееа ни да помислат да му стават вето заради фактот дека постои Македонија.

ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО

Текстот е на поетесата Мира Алечковиќ, музиката ја има напишано Ѓорѓе Новковиќ (таткото на Борис Новковиќ). Во оваа песна е тоа со патот.

ДРУГАРИЦЕ ПОСАДИМО ЦВЕЌЕ

Песна на групата Камен на камен, отпеана од Неда Украден. Женско - еколошка песна со апел да се сади цвеќе онаму каде што минува војската на Тито.

РАЧУНАЈТЕ НА НАС

Балашевиќ е комплетниот автор на оваа песна која ја изведува со групата Рани мраз. Уште една заклетва дека пошто многу нè има, душманите ништо не ни можат.

УЗ МАРШАЛА ТИТА

Мадафака песна на Оскар Данон кому вечерта му биле донесени стиховите а до сабајлето морало сè да биде готово. Е не, ќе чекаат музата да го погали.

25 мај 2013 - 08:23