Офтики на новото време

Знаат цензориве дека ваквите пријави се пресмешки и за обвинителство, знаат дека се неосновани, но ете, ја користат таа дупка во системот и целта им е да те позамараат да отидеш до МВР на разговор. Да ти одземат 1 саат од твоето време.

Ви текнува на овој статус? Е поради овој статус, она инквизиторчено од невладината „Квир Центар“ ми пуштило пријава до Обвинителство (да добро читате до Обвинителство ) каде се жали дека со статусов сум ширел омраза и закани спрема ЛГБТИ лицата, сум создавал заканувачка средина за нив, тантара пантара - текстот им е копи-пејст како и во сите пријави, претставки, тужби итн. Буквално користат шаблони каде само менуваат име презиме и други лични податоци на личноста на која и вршат инквизиција, ставаат печат и пуштаат. Тоа им е речиси целта и на постоењето. Да замараат, да вршат инквизиција на сите што јавно не се согласуваат со родовата идеологија и да предизвикуваат чувство на автоцензура кај населението. Така ги учат нивните спонзори од Сорос.

И после се жалат по медиуми дека обвинителство и судството не постапувало според нивните пријави и претставки.

Па како да постапува? На која основа да постапува? Како и во сите демократски земји, така и во Македонија судските рочишта се ЈАВНИ и, со мал број исклучоци, секој може да присуствува на судење и да пренесе свои впечатоци од судењето. Сè што ви треба е да носите лична карта и внатре да кажете дека сте во улога на ЈАВНОСТ. Ова се случува на дневна база во Македонија... и одеднаш тука некои привилегирани бели мечки сакаат посебен третман, за нивните инквизиторски тужби да не се спомнува, транспарентноста на судството за нив да не важи, нивните пародични судења да не одат во јавност - што апла укажува дека и самите се срамат од нив.

Туку знаат цензориве дека ваквите пријави се пресмешки и за обвинителство, знаат дека се неосновани, но ете, ја користат таа дупка во системот и целта им е да те позамараат да отидеш до МВР на разговор. Да ти одземат 1 саат од твоето време.

Ама и обвинителство е криво малку тука. Мора да имаат некакви критериуми за основаност на пријавата. Во спротино, секој може да го пријавува секого за разни глупости и да ги злоупотребува пријавите за замарање на граѓаните, инспекторите, замарање на системот, поради што и реални пријави непотребно чекаат на ред додека не поминат ваквите глупости.

Златко Бучкоски

********************

Мерачи на сарказам и иронија.

Квир, со свои зборови:

Важно е да се нагласи и дека новинарот е должен да внимава дури и на начинот на кој ја пренесува информацијата. Ако при пренос на одредена вест тој е згрозен или ја пренесува веста со иронија и сарказам, штетата е направена во истиот момент.

Давид Тасевски, извршен директор на Квир

 

5 август 2023 - 14:18