Медиуми

Македонските медиуми објавуваат за крајот на светот

По повод оваа листа (Како светските медиуми ќе го пренесат крајот на светот), овој дечко (@skopski_peder) направи локална верзија - Како македонските медиуми ќе го пренесат крајот на светот.

Три години од гаснењето на А1

Видео клип на Игор Шокаровски, некогашен режисер во А1, посветен на стотиците луѓе кои учествувале во програмата на оваа телевизија, која, благодарејќи првенствено на Дарко Перушевски, своевремено имаше најинвентивна програмска шема од која, како наследство, за жал, денес ни останаа само турските серии.

Новинарско откритие на денот

Македонски ТВ прилог кој навлегува во суштината на еден проблем. Тема е дивечот во кочанско. Има ли дивеч во кочанско? Има дивеч во кочанско! Тогаш во што е проблемот? Нема да ви се верува.

Суеверна Македонија

Нашите медиумски пакетчиња обично доаѓаат во пишана форма. Сега имаме и аудио издание, од радио Охрид, во кое се воведува изненадувачки свеж предлог за името. Не дека предлогот не држи, пу, пу, скраја да е.

Whistleblow

Стар но - од а до ш - драгоцен тв прилог за велигденското јајце на кое се исцртал ликот на Тоше. Ќе се најде ли во актуелниве телевизии некој со доволно истражувачка љубопитност за да дознаеме што станало со јајцето и каде е сега?

Надвор од пакетчето

И така, ќе наидеме на нешто што така ќе не пресмее што не ни се чека да го спариме заедно со другите срања за нашите медиумски пакетчиња. Читнете на глас, на рипит.