Медиуми

Да симнеме тоа гаќите

Прво фатија да муваат кликови со жена со тенџере како да е во Охрид па потоа масовно ни го понудија човекот во бела гаќа и салонска кондура како тетовчанец. Да го видиме тетовецов:

Како цел Канал 5 стана Баба Рада

Баба Рада е толку јак бренд што веќе не е битно во кој дел од програмата се вклучува некој гледач. Нашиов маалски момак е воспитано дете, инаку можеше да ѝ каже на гледачката да се јави директно на баба Рада, ако не ѝ е страв.

Многу сум возбудена, Драгане

Можно е да си многу возбудена. Ние ја допуштаме и можноста дека не си баш од најбистрите.
п.с. апел до водителите на квизови: да не им помагаат по дифолт на сите што ќе им се јават, вклучувајќи ги и упадливо глупите, пошто така се прави негативна генетска селекција, се наградува глупоста, се разочаруваат младите, се сјебува цела шема во вселената...