Македонштина

MK ви е на дното

Купено во ДМ Македонија во ГТЦ.

Како изгледа вечера за тазе мајка

Науката: Мајки доилки, особено во летен период, треба да јадат што повеќе течна и разновидна храна.

Клиниката за детски болести:

 

Новоговор: Хјуџ џрни со многу бампс ин д роуд

Никола е млад и успешен претприемач кој стигнал до еден милион некои пари ама не стигнал до доста зборови од неговиот мајчин јазик. Како него денес зборуваат сè повеќе млади, а некогаш за ваквите хибридни крпеници јако им се потсмевавме на гастарбајтерите. Јасно е дека технологијата носи странски термини кои неретко се непреводливи, но толку ли е тешко да ти текне дека наместо „хјуџ“, и „голем“ ќе ти заврши работа? Ама и за тоа треба „перзистанс“.

Џани доби поклон од Македонец

Прво, за да се запознаете со феноменот фанови на Џани, треба да ја прочитате статијата „Сектата на Џани.“ Во таа армија следбеници и почитувачи на ликот и делото на божеството родено како Радиша Трајковиќ, еден Македонец само што стана прв меѓу еднаквите. Му приоѓа тој на Џани во кафана и му кажува дека има подарок за него, ама ќе треба да излезе за да види за што се работи.