Македонштина

Спиеш ли мирно, ФИТР?

Смарт чучавец во ОУ „Пецо Даскалот“ во Долнени.

Болниот секогаш тропа двапати

Лифт во Поликлинија Идадија

Најлесно е да го смениш името

Денес оваа улица (во центар, кај Олимписки) го носи името на Славко Јаневски. По старо беше Стив Наумов. Претходно била Ленинградска... Вака е со улицата, вака е со државата.

Да, кај нас сè е наопаку

Навидум нормална, вообичаена ситуација. Премин преку железничка пруга. За да ги предупреди автомобилите и пешаците, возот гласно го најавува своето доаѓање со тоа сирената. На прва, како неправилност паѓа во очи само рампата која останала подигната. Но, тоа е само на прва. Чекајте да дојде „забревтаниот“ воз, да видите какво уникатно сообраќајно џентлментство владее кај нас.