Македонштина

Зошто на наш човек не му се паѓа на лото?

Се разбира, како што вика вицот, затоа што не уплаќа. Но нашиве одат чекор понатаму. Не само што не уплаќаат туку некако веруваат дека ќе компензираат ако остават свое име и презиме на Фејсбук. Зошто? Затоа што без памет. 

Земја на буткање

Телевизиски прилог за она што сè се случува во Домот „25 мај“ (и сите као изненадени а тоа трае со години; се сеќава некој на сведоштвата на бездомничката Персида?). И бидејќи прилогот оди во живо, еден сосема случаен опис на поговорката „Кучињата лаат, карванот си врви“.

Дипломат имун на правила

Кога ќе помислиш дека „нема за кого да навиваш“ во скопскиот автомобилски јавашлук, се уфрлува „странскиот фактор“ и ти потврдува дека си во право.

Кога нема за кого да навиваш

Еден класичен пример за скопскиот сообраќај. Едниов (овој што снима) веројатно мисли дека е копито оној што му застана, го блокираше па излезе од кола да се објаснува. И не дека не е во право, таквите се едни од најголемите. Ама да го пуштеше да влезе во лента, тек да не загине никој?