Балканштина

Оди ти стани Јутјубер со ваков по дома

Бугарски тинејџер и гејмер сака да стане Јутјубер ама по дома има еден створ кој јако го минира. А заебан е тоа трол, му се појавува по гаќи таман толку колку да му го уништи кадарот а притоа да не му се види лицето. Како и за секој бугарски клип, и за овој упатството е исто: да се пушта на рипит додека репликата не се научи на памет!

Што тоа ечи од Замбија?

Ако ви се начуе нешто од типот „Македонија е грчка!“ тоа можеби јужен ветар го носи од Африка. Елем, некој хард-кор Грк отишол во Замбија и ги научил локалците да навиваат во спорот околу името. Па црнецот ќе каже: „Ρουφιάνοι, προδότες πολιτικοί / Μακεδονία είναι ελληνική (Политичари, злотвори, Македонија е грчка!). Што сакаме во селово да залута некој од оние наши зомбија кои мислат дека успеавме Грците да ги претвориме во наши трајни пријатели....  

Вељо повторно држи астал

Сè што последниот пат пишавме за атмосфера на неговите говори, важи и сега. Овојпат, за Марко Ѓуриќ, претседателот на српската Канцеларија за Косово, и за разликата меѓу Ѓуриќ и себе, кога ги расчукувал наоколу како во Астерикс и Обеликс, по принципот: „удариш ме - нокаут“.

Зошто устата на Рама стана мастиљава?

Нели оној еден, деновиве во нивниот парламент со мастило го испрска албанскиот премиер? Е, испадна дека Рама претходно го заебавал човекот заради говорна мана, тоест затоа што ш'шкал кога зборувал. Е, не, за принципи ќе се расправаат.

Веља до Вучиќ: Дај ни еден ден да одмориме од тебе!

Веља Илиќ е ветеран на српската политичка сцена, од оној брдско-планински ков и генерално нема човек што многу за него да навива. Ама, како му се насра на Вучиќ, тоа само Србите го имаат: да зборат високи политички ешалони а во атмосферата веднаш да се осети мирис на кафана, подгорени чаршави и јадни, испотени трубачи.

Џингл белс, од Вардар до Триглав

Дечко со дугметара покажува како звучат познатите тонови на оваа песна кај различните народи на екс Југославија. Толку добри ги има скинато стилските особености на регионалниот фолклор што дечково може теорија на музика да предава.

Радо Србин во јогини оди

Србите во многу работи секогаш биле понапред од нас. Бидејќи први го допреа дното, си полудеа на време и сега животот им е цепки. Не дека ние сме далеку од овој зен, ама ајде, кога?

Вочнете го вие ова!

Интернетот и доминацијата на англискиот во него на сите ни го има расипано јазикот и сите по малку зборуваме како македонските гастарбајтери на кои некогаш им се смеевме. Ама ова е тоталка! Ако ви е потребно да ви се транслејтне, има надеж за вас и вашиот мајчин јазик. 

Каков муабет!

Ниту едниот е луд ниту другиот е збунет, ама глаголот од таа поговорка си е на место. Новинар решил од човек да извлече одговор што тој очекува од изборите. Човек решил дека тоа е последното нешто што новинар ќе го извлече од него. Пазете ги тие дриблинзи.

Знаете како се игра Паук?

Ера Ојданиќ е стар ридикул од српската фолк сцена. Има песна која му се вика „Паук“ и која е во хармонија со неговиот опус (значи, глупа). Ама се фаќа како меме по кафани и други места кај што ќе се чуе. Чисто да знаете како да се понашате ако ја слушнете.

Српски црнечки блуз

Како што неговите предци биле оковани во железни прангии, така е тој окован во ракија, сплавови и љубовни јади. После една целовечерна тортура на тоа зло трио, бил толку уништен што мајка му не го познала. Сега замислете ги во полиња, берат памук и пејат некоја претешка од Џани.