Лесно е да се пеливаниш за Македонија, особено кога за спаринг партнери имаш мекотели кои имаат задача да ти попуштаат. Но, човек не мора да биде експерт за говор на телото за да види како тој антички штит се топи кога ќе се најде во близина на „Сонцето од Пекинг“.
„Обединети Македонци“ решиле да организираат „анти-мигрантска“ скара, па се собрале во нивна близина и фатиле да чурат сланини и други скараџиски ентитети на база на свинско (јасна ви е поентата). Чисто да прателе симболична порака дека нивната земја нема да ја загуби својата култура и идентитет.
Неук, невнимателен или недоветен водител на српска телевизија прави кардинална грешка во својата кариера. Во емисија ја вика Ведрана Рудан. Вака брутално Џокер не го уби Де Ниро во филмот.
Гевгелија има смоквијада, Валандово ракијада, Смоларе костенијада, Штип пастрмалијада, Велес питијада (последниве две треба да е обратно), но сето тоа изгледа некако без завршница, без логично и епистемолошко финале. Го имаат Србите.
Да, Константин Савиќ од Теслиќ го имавме веќе двапати, уште во 2016 година. Еднаш за да ве известиме дека се појави, вториот пат за да ве известиме дека пропаднал. Но, ние не се откажуваме лесно од нашите политички симпатии. Еве го и третпат, овојпат како Еминем.
Од непосредна близина на Александар Вучиќ, пробува да обрне внимание на една разгорена мисла на премиерот. Вака не ни паднало жал уште од онаа сцена во серијата Чернобил, со доброволците кои одеа да се соочат со изворот на радијацијата.
Некои го хејтаат водителот на емисијата „Во недела во два“, “Александар Станковиќ, некои неговата гостинка Јелена Вељача. Двајцата не можеа да се согласат главно за - Салма Хаек.
Светот во 90-тите години од минатиот век не беше подготвен и зрел за екс-ју трешот. Денес тоа изгледа поинаку. Аудио: Single Ladies. Видео: Опојни су зумбули.
Додека ние сме принудени вечно да бираме меѓу Курто и Дудуш, длабоко натопена во европските вредности, Бугарија може да си дозволи вистински шарена и палава понуда. Овојпат за тоа се погрижува Дијана Савова Габрова од партијата Волја, кандидирана за кметица на гратчето Момин проход во западна Бугарија. Макроне, Макроне, начисто нè запусти.
Ава Карабатиќ е една, да речеме згодна, но зацијело манијакално- депресивна лудара која шпарташе по реални шоуа на Балканов. Оние што ја „хендлаат“, ја имаат убедено да ѝ биде противкандидат на Колинда за претседателка на Хрватска. Од програмата на Ава (слоганот е: „Сите ќе ве задоволам“) издвојуваме: бесплатни пластични операции за сите хрватски домаќинки.