Балканштина

Како дојдовме до дереџе овие да нè уценуваат?

Мала прошетка низ естетиката на политичката понуда за локалните избори во Бугарија 2019 година.

Две Грети од Бугарија

Две млади момчиња од Бугарија во автобус дебатираат за дилемата, тадаам, капитализам или комунизам! Да видите само со каква „пензионерска“ сериозност и ангажираност тие се занимаваат со оваа тема. На нивна возраст, од наши дечки можеш да извадиш муабет евентуално за Фортнајт или за Џипи. 

Ако нејќе Мујо во веце...

Легендарниот градоначалник на српска Јагодина пригодно отвора веце за земјоделците, среде нива. Како што луцидно опсервира премудриот Палма, проблемот кој тие луѓе го имаат е особено видлив кога пченката е ниска.

Никогаш не следете овчар

Опционално: овчар кој вози Голф двојка. Но, доволно е да се испочитува и првиот услов. Ако сакаме некогаш да ни тргне и да успееме да си го најдеме патот.

Многу ли бараме?

 Многу ли е да се бара земја од која нејќеш да си одиш? Босанска верзија на чемерот кој се вика Западен Балкан, иако е на исток на Европа и во кој кога ќе тргнеш на југ, стигнуваш до некоја земја за која решиле дека е север.

Најлабавиот емигрант од овие простори

Напафкан или не, иако е лежерно изразена, неговата волја е толку  силна што не може да ја поколебаат никакви несигурности околу јазичните финеси на неговите идеи. Тоа е клучот: тотално јако, тотално опуштено.

Дачиќ, после громот

Или оној гром сепак го има цимнато и Дачиќ (а не само неговиот авион) па од електричното празнење му се имаат споено пар жички, или пак тој гром само му помогнал да се соочи со ништавноста на човечкото битисување па решил дур е време да си каже она што му лежи на душа. Добра вест за ЕУ е што овде никој нормален не се пали на Дачиќ, лоша вест за ЕУ е што овде толку ни е збоктисано од нејзиното лицемерие и препишаните терапии, што на нормален човек дури и Дачиќ може да му прозвучи како луциден дијагностичар.