Балканштина

Сите сме наштимани од Геринг

Прочуениот српски гитарист Крле (оригинално од Генерација 5 ама нема со кого нема свирено), влегува во тешка езотерија и тврди дека денешниот штим на инструментите, од клавирот па до сите други кои се штимаат по него, се наштимани така што нотата А/Ла да биде на 440 херци и дека тоа е наметнато директно со декрет на Геринг кој како и Хитлер бил член на окултни друштва.

Јас сум Теша Тешановиќ

Мислите дека за љубов е потребна посветеност и трпение? Чекајте да видите за ремет што е потребно! Што се раскажува во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“ ќе видите сами во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“. Само да ви обрнеме внимание: видеото трае 10 часа.

Лекција по веронаука

Молиме копиљаци да не сфаќаат ова преозбилно па да помислат дека правото тројство е „игла, лажица и упаљач“. Сакаме само да потсетиме на светите зборови на Матеј (19:24) дека „попрво камила ќе се протне низ иглени уши отколку богат човек да влезе во царството божјо.“

Хеј, германски полицајци!

Бидејќи Забрањено пушење веќе ја направија најубавата љубовна песна за наш (балкански) човек отиден на гурбет во Германија, овие ајвани процениле дека треба да таргетираат потесен и поспефичен слој од дијаспората. Значи, за сите што биле во германски затвор, или познаваат некој кој бил во германски затвор или пак познаваат такви кои најверојатно ќе завршат таму.

Љубовен разговор со полиција

Полицаецот се жали дека се чувствува запоставен, цивилот му објаснува зошто нивното општење не започнало кога на полицаецот "му дошло". Поштено.

Дали дрогата предизвикува зависност или независност?

На темата дискутираат Миломир Мариќ и Рамуш Харадинај. Како што бива во вицовите, Србите на крај секогаш испаѓаат најпаметни. Како што бива во реалноста, кој последен се смее...

Реченица на брзи води

Со билијарски речник, ова е мавање топче преку три спунта. Со нутриционистички речник - турлитава. Со нобеловски речник „квантин скок со прелапнување на големиот заб“ (потсетник)

2020-та, имаш ли место и за Симонида?

Во фото финиш на оваа језива 2020-та година, да го спикаме на сајт и ова чудо, наречено Симонида. Песната не е од оваа година ама некако природно припаѓа овде и сега. Проблемот на Симонида е што мажите сакаат да го искористат нејзиното неодоливо тело и само им е до „опа-цупа“. Ама затоа, таа знае да каже „лепа сам, ал нисам глупа.“ Неш јебат! 

70 евра за пријатни моменти

Бугарите не признаваат постоење на малцинства нo проституцијата не ја негираат (а и не инсистираат да им признае ист корен). Репортажа на таа тема во пограничните Свиленград и Сандански но и во Софија, со женски, машки и транџи кои суштествуваат на улица, казина и барови а некои преку сајтови. Најниските тарифи се движат меѓу 70 и 100 евра, но затоа елитната проституција оди и за илјада евра. Кога ја слушна последнава цифра, водителката се заинтересира „А това за колку време?“

Преткафанска обука: Атина Ферари

Некогаш нормален (хмм) човек знае да заврши во прегласна шабанска кафана и таму да се изначуди како тоа сите присутни ги знаат песните кои се вртат а тој првпат слуша за нив. Да го искористиме ова кафанско затишје заради ковидот и да се наполниме со знаење.

Вето ни стави држава со нужници

Македонија има 4,4% домаќинства кои немаат регуларно веце (внатре, со казанче, молим лепо) туку за тие намери мора да одат „понадвор“. Такви домаќинства, кои се држат до старото парохиско правило дека не можеш под ист кров и да јадеш и да сереш, Бугарија има дури 15,3%. Погледнете ја Романија па да позборуваме за европскиот квалитет на живот.