Балканштина

Аргумент долг 10 метри

Среде миса, мала теолошка расправа меѓу двајца луѓе, едниот се чини цивил, другиот во службена свештеничка одора. Како и во секоја расправа, и овде победува оној кој се чини појак.

Босански олимписки игри

Ни пониска скокалница (само еден метар), ни поголеми радости! Ски скокови (поточно „скај скокови“) во Викиќи, Босна и Херцеговина. Со почесни гости од братска Словенија. Амбициозниот натпреварувачки дух на учесниците го одржува спикерот со легендардно храбрење: Само полако, момчино!

Кој бира - лапсузира

Човекот или е гинеколог па се работи за професионална деформација или е загорен па се работи за аматерска деформација. Во секој случај, убава му е таа помисла...

Слушаме бугарски евергрини

Може има 15 години од овој хит на Невена Цонева ама нејзиниот фалш и трилери и блеење уште болат. 

Сите сме наштимани од Геринг

Прочуениот српски гитарист Крле (оригинално од Генерација 5 ама нема со кого нема свирено), влегува во тешка езотерија и тврди дека денешниот штим на инструментите, од клавирот па до сите други кои се штимаат по него, се наштимани така што нотата А/Ла да биде на 440 херци и дека тоа е наметнато директно со декрет на Геринг кој како и Хитлер бил член на окултни друштва.

Јас сум Теша Тешановиќ

Мислите дека за љубов е потребна посветеност и трпение? Чекајте да видите за ремет што е потребно! Што се раскажува во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“ ќе видите сами во клипот „Јас сум Теша Тешановиќ“. Само да ви обрнеме внимание: видеото трае 10 часа.

Лекција по веронаука

Молиме копиљаци да не сфаќаат ова преозбилно па да помислат дека правото тројство е „игла, лажица и упаљач“. Сакаме само да потсетиме на светите зборови на Матеј (19:24) дека „попрво камила ќе се протне низ иглени уши отколку богат човек да влезе во царството божјо.“