Балканштина

Остав, Џамбаски, остав

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е доказ дека душмани не ни се сите Бугари туку баш најглупите Бугари. Овој конкретно е толку глуп што е спремен на долго и нашироко да ги објаснува убавите страни на воведувањето воен рок, а самиот нема служено војска. Се вадел дека студира, сè додека не престарел за во војска. Пошто студирал 12 години. Е, доживеавме вакви ќорци од луѓе да ја нишанат Македонија.

Знакови крај патот

Летвичката за пијанство е подигната“ пишавме кога досегашниот шампион, 35 годишниот Иван Т., се обиде да го премости проблемот на кој наишол. Сега летвичката е нешто спуштена, ама пак шапионски.

Српски ТОЕФЛ

Странец не си го научил на својот јазик кога ќе знае да брои до десет. Си го научил дури кога ја совладал оваа лекција.

Бугар не веруе у развод

Разведени се тие десетина години но таа и натаму има проблеми со него, главно затоа што балванов уште ѝ доаѓа, со намера концизно формулирана во императивната реченица: „Свалај гаштите!“ А и тоа новинарчето мама си тракало како ги фасилитира.