Балканштина

Бугарска лежерност

Бугарска телевизиска екипа начекува стар чичко кој случајно ја „издрпнал колата“, додека ја вадел „за да не оди никаде“, имал 1,8 промили алкохол “од една чаша вино“ и не е точно дека се зачукал во шест коли.  Важно е на проблемите да се гледа со насмевка.

Лајбах во Сараево, 1995

При крајот на војната во Босна, Лајбах одржаа два концерта во Сараево, во објектот на Националниот театар, една од ретките згради во градот која не беше унаказена. Го прогласија Сараево за територија на Neue Slowenische Kunst, делеа пасоши и патем на домаќините им кажаа неколку збора за Европа.

Како во Србија се учат падежи?

Уште еднаш се потврдува старото правило дека најдобро се учи преку песна и игра. Во соседна Србија тоа значи - преку народњак. Добро што нема ваква песна за падежите во македонскиот јазик, ќе испаднеше песната (речиси) инструментална.

Чувари на тајниот свет на Никола Тесла

Од „Суверениот светски таен систем на Никола Тесла“(?) ни доаѓа човек кој во јавниот свет можеби е и претприемач и спортист и има три деца... но тоа не е ништо во споредба со тоа што сè е во тајниот свет. Никола Тесла химселф немал патенти колку што овој има титули. Само да чуете:

Генијална одбрана од сукачи

Некој нејебитис ѝ се пушта на девојка на Фејсбук. Таа одбира маестрална стратегија: му одговара со стихови од тупца-тупца народњак (Бунда од нерца - Тина Ивановиќ ). Тој пуштање, таа реплика од песната, на што овој дополнително се пали. Само што, песната завршува со стихот „дијамантски стави ми на руку.“ Јбг, така завршува и пуштањето.

Алтернативна сондажа

Бидејќи ретко кој верува на истражувања, анкети и други сондажи на јавното мислење, овие Белраѓани се досетиле како сепак да го опипаат пулсот на народот. На мост закачија транспарент „Кој не свири, тој е Весиќ.“ Весиќ е онаа замлата која се навреди од Дежуловиќ кој пак фино му одговори „Освен што си глуп, не внимаваш на час.“ Чујте сами колку го сакаат.