Балканштина

Уште Бугари фалеа...

„Лудиjа Ноле ги побеждава, печели тој балканска слава. Лудиjа Ноле ше ги финтира, и њама да се ваксинира“. Ова е само мал дел од една целосно накарадна песна со која пар Бугари му даваат поддршка на Ѓоковиќ во неговиот спор со Австралија. Единственото добро во целата работа е што ги претркаа Дац и Александар, бар да не се срамиме од наши. 

Милош е инфлуенсер

Песна за еден водоводџија, мајстор и пред сè голем човек. Милош (Лошми) Ѓукиќ е 100% талент и 0% аутотјун. И конечно има песна која сама може да отпуши одвод. Еден преживеан има кажано, кога ја слушам песнава, ми иде да дигнам рака на себе.

Ниш живее во иднината

Класичната судбина на некои од најголемите инвентори е да не ја добијат заслужената слава и внимание за време на својот животен век, а така веројатно ќе остане и со неименуваните јунаци од оваа репортажа од Ниш (со должна почит кон баба Лепосава).

Обаче и Никола Тесла бил Блгарин

Колку да стане јасно до каде оди и колку е длабока и широка таа нивна опседнатост со наоѓање бугарски корени на сè и сешто. А можеби таткото на наизменичната струја навистина има некаква суштинска врска со нив, пошто те се за смеење, те се за плачење.

Страдањата на младиот меринджей

Село Градинарово, Бугарија, ЕУ. Семејна драма меѓу Јанко и Иванови кои не му даваат да си го види детето. Особено се истакнува бабата, една мала, лута, нетачна сподоба која вреска, плука, мава а во напади на бес знае и да се фати за јајца! Меѓу другото, го руга Јанкота дека е „млад меринджей“ (менаџер). Катја се вика, гребната триста.

Излези, мала

Неколку распеани српски бекрии кои не се оперирани од романтика. Излегле со хармоника и на малата и ја пеат познатата швалерска песна (тема на која пееја и Лет3). Нека дознае и таа и светот за нивната љубов. Спојлер: малата излегува.

Заборавени вештин: Плетење накурњак

Баба од Лика плете и објаснува дека денес можеби не е потребен ама на времето, во ладните месеци на годината накурњакот бил фин додаток за греење на извесни истурени делови на телото. Се плетат од груба волна и тоа факат гребе, ама па можда баш тоа додавало на задоволство. Таа сега плете накурњаци како сувенири, кои доаѓаат во кутија, во комплет со два орева.