Балканштина

Калеш Анѓа, црногорска верзија

Црногорците имаат убава севдалинка „Пуче пушка леденица“ која се пренесува од генерации на генерации. Пазете ја приказната: Омер ја пукал Анѓа поради невозвратена љубов. Ѝ се намерачил да ја жени ама нејзиното срце било за друг. За кого? За дечко од струшкото село Калишта. Спојлер 1: Анѓа преживува. Спојлер 2: Кошулата не баш.   

Рамбо кај Кесиќ

Рамбо има нова генијална идеја: да носиш со себе ротационо светло па да си го ставаш на глава кога сакаш келнер да те види. На најавената „свирка без прегласно озвучување“ и „вечера на гломазна поезија“, Рамбо меѓу другото нуди и „инает карта“. Тоа е ако ти се оди на концерт ама нејќеш да одиш, за инает. А има и дупла инает карта.

Девојката со емотивна блокада

Помладата ѝ се доверува на поискусната дека сака да ги среди работите сама со себе и ѝ се пожалува дека притоа наидува на емотивна блокада во себе. За да претпоставите за каква поточно „емотивна блокада“ се работи, треба да знаете дека се работи за учеснички во српското реално шоу „Задруга“.  

Бугарски Трамписти

Васко Жабата да се тргне малку настрана, од Бугарија ни стигнува нов ушобол. И овој е Васко ама не е Жабата туку Далаверата. Со верна дружина Трамписти од европска Бугарија, Васко Далаверата ќе ни изведе нумера, сељачка, да посељачка не може да биде. Па другарот Трамп сам нека суди кои му се стратешки пријатели: досетливите велешани или овие?     

Што ли готви Јосипа Лисац?

Дури и откако лично ќе одговори што дома готви Јосипа Лисац (особено лично), тоа прашање останува мистерија. Знаеме само дека не е сарма, и дека се нешта со многу „ш“. Чујте го вие тоа мјаукање нејзино.

Еве го царот

Дечкото смислил ненадјебива одбрана од оние кои ничим изазвани ти се јавуваат по телефон, на пример, за да ти увалат нешто за купување. Штом досадата (официјално: агентот за продажба) зуцне и почне да ти дрнда за нивната понуда, ти почнуваш со песна! Функционира како подмачкано, репетирајте своја плејлиста. 

Зошто Албанци толку се палат на Мерцедес?

Муабетот е дека Албанија е земја со најмногу Мерцедеси по глава на жител. Дојче Веле праќа свој човек за да види што е работата. Добра репортажа.

Будење на бугарскиот Нео

Преработка на легендарната сцена кога Морфеус му отвора чакри на младиот Нео и му ја покажува стварната реалност на овој свет, наспроти илузиите во кои (мисли дека) живее. А на Нео му се има паднато да живее во делот на Матриксот наречен Бугарија.

Холандија знае и за ружи, не само за лалиња

Нежната „Јутрос ми је ружа процветала“ која пред 60 години ја испеа Милица Поповиќ е една од најпреработуваните српски песни (Мерима Његомир, Лепа Лукиќ, Лепа Брена...). Сакаме да ја слушнете како што прилега, со многу шишиња на астал. Само што, не се работи за српска кафана, туку за Холанѓаните Ештон брадерс. Ма хе ри. 

Покојна Елизабета купуе кацига

Дуци е урнебесен затоа што перфектно ги гаѓа стереотипните особености на ликовите кои ги гради (јазикот, темите, реакциите, нивниот поглед на свет, стандардните узречици...). Ова пак, е урнебесно од сосема обратна причина. Затоа што е погрешен ликот, тоест во телото на кралицата е ембедиран духот на балканска жена.