Балканштина

Најискрената брачна двојка на светот

Босански маж и жена, на стари години. Прво бабата ја прашуваат: Повторно да се родиш, дали повторно него би го избрала? Потоа истото прашање следува и за дедото. И двајцата одговараат апсолутно исто. Е, не, ќе се лажат после толку години поминати заедно.

Песна под пенџере

Хрватски навивачи под прозор на проститутките во Ротердам. Навивач може ливче во кладилница да утне, ама не да утне и во избор на песна. Што го знаеш, да беа наши, можеби ќе ја запееја химната на машкото алиби: „Ситна роса зароси, тивко ветре подувна, не можев да дојдам....

Шумадиски лајфкоуч

Истото ова, оние модерни лајфкоучи (една од непостоечките професии на денешнината) ќе ви го завиткаат во патетични термини како оној „да бидете најдобрата верзија од себе“, па ќе ви мудруваат за менаџирање на стресот, хендлање на позитивната енергија, избегнувањето токсични мисли и луѓе.... А генерално, целата тајна се состои од  - куроболие.

Парламентарен дуел со поговорки

Сцена од седница на црногорскиот парламент во кој, како и овде, знаат секакви начини и методи да се искористат за надмудрување и навредување. Овојпат малку поинаку од што сме навикнале. Спикерот решава да ја нафли својата поента со помош на една поговорка. Пратеникот му одговара со една друга, неочекувана.