Балканштина

Шумадиски лајфкоуч

Истото ова, оние модерни лајфкоучи (една од непостоечките професии на денешнината) ќе ви го завиткаат во патетични термини како оној „да бидете најдобрата верзија од себе“, па ќе ви мудруваат за менаџирање на стресот, хендлање на позитивната енергија, избегнувањето токсични мисли и луѓе.... А генерално, целата тајна се состои од  - куроболие.

Парламентарен дуел со поговорки

Сцена од седница на црногорскиот парламент во кој, како и овде, знаат секакви начини и методи да се искористат за надмудрување и навредување. Овојпат малку поинаку од што сме навикнале. Спикерот решава да ја нафли својата поента со помош на една поговорка. Пратеникот му одговара со една друга, неочекувана.

Мудриот шампион во уживањето

Има 50 годишен стаж во уживањето во алкохолот, го цитира премудриот Игор Мандиќ за надзадоволството наречено пијаност (види овде) и има еден битен совет за аматери и фејкери: „Секое пиење кое не завршува со опивање е чисто губење време и пари“. Со други зборови „сокот е поубав и посладок од ракијата, ама, не фаќа.“ 

Кој го дирал брат ми?

Запад учи за семејните вредности од Балканот: се играло баскет, некој залактал дечко кој е од Албанија, дошло до препирка и кошкање, младиот Албанец (15-16 години) им се заканил дека ќе се врати со фамилија. Саат време подоцна, доаѓаат два квадови, со по 4-5 Албанци во секој.  За полесно да го пресечат проблемот, носат моторни пили. 

Лута пиперка е чудо

Кај кого друг, ако не кај фамозната Јована (како тоа не ја знаеш?) извесен Неџо кој е бел маг (обратно од црн маг) објаснува како човек да се спаси од труење, акт кој Јована го нарекува медицински атентат. Постои аутпут метод (да му се пушти крв), но постои и инпут метод после кој на несреќникот  му се трча. Говори Неџо, дојден со стапот со кој поминува на граници. 

Новосаѓани воспитуваат олош

На сајтов имаме објавено десетици и десетици „Граѓански преписки“ во кои комшии меѓусебе на писмено се караат и се подучуваат на манири. Имаме објавено стотици џукели кои паркираат кај стигнат во нашите „Богати и славни“, сосе таблици, за евентуално да ги фати срам. Како што гледате околу себе, слабо фајде од тоа. Можеби е време да се прејде на следната фаза, со малку подиректна педагогија.  

Улични лекции од Бербатов

Димитар Бербатов беше еден од најдобрите фудбалери на Бугарија. Играше за ЦСКА, Баер, Тотенхем, Манчестер, Фулам... Се пензионираше пред  4 години но, не е без работа. Вози по улици и опоменува еурофични матуранти без памет. Кул. Кај нас без памет беа некои наши фудбалери кои го користеа влијанието за да нè убедуваат да си го смениме името.