Балканштина

Осветување, бугарски стил

Како во секоја православна приказна и оваа има свое свето тројство: бугарскиот владика Кирил (од Варна, еден од фаворитите за следен патријарх на БПЦ), Линколн (МКЗ хибрид) и светата вода. Амин!

Види ги ти РТС

Па, од времето на Комраков (ако не го знаете, уште подобро), доста работи се смениле. Првоаприлско издание на дневникот на РТС, за продажбата на неколку тони кокаин од Јужна Америка по пониска цена (од тн социјална кошница), како и за Велики петок, денот кога на крст бил распнат Драган Ѓилас.

Навивање, стара школа

Пред навивањето да се сведе да вреѓање на национална основа, навивачите беа повеќе подготвени да ги воочат грешките и проблемите кај сопствениот тим и елоквентно да ги презентираат своите забелешки, како и решението на целата состојба. Плус, дечково некако недоливо потсеќа на Емир Хаџихафизбеговиќ (не е он).

Мраз од ведро небо

Ајде малку да учиме ономатопеја: ако од небото падне големо парче мраз, тоест стена во вид на тиква, кога ќе удри на земјата, што ќе рече?

Е.Т. во Бугарија?

Ќе ви покажеме една многу интригантна фотографија од Бугарија, неодамна снимена од сервисот на Гугл, во еден пловдиски двор, на улица Перуника. Иако Google Street дополнително ја едитирал фотографијата, сосема е јасно дека сме сведоци на една од овие две можности: а) или камерата на Гугл случајно открила шокантна посета од Вонземјанин па во моментов агенти на НАСА и ЦИА во најголема тајност го испитуваат дојденецот, или....

Босанка што пцуе, не каса

Врска меѓу човек и куче може да се оствари многу брзо и природно, освен во случајов, каде што врската нема никаква иднина.  Една возрасна традиционална Босанка и едно мало кученце, тoa сака да си игра со неа, таа не може да го поднесе.

Словенија го слушна Талат

Словенечка телевизија прави прилог за немирите во Скопје, предизвикани со назначувањето на Талат Џафери и сè што потоа следеше. Фино, балансирано и неутрално, сè додека не дојде време да проговори - Талат Џафери. Гласовите ги позајмија - Бранко од К-15!? Ако не е дубара на некој локален сеирџија монтажер, тогаш ќе заќутам од смеење!

Млечна жртва

Интервју со првата жртва на затруеното млеко. Контаминираните млечни производи предизвикуваат два главни симптоми: подригнување (на цела фамилија) и непрестана желба за зборење.

Грло кое далеку се слуша

Не е длабоко туку е златно грло. И не е порно туку е лек. Ама и ова не е за деца. Не лекот, туку рекламата. Бидејќи греота се децата.

Сараевски трамвај

Во градските автобуси да се вработи по еден ваков. На секој спрат по еден! Подобро таму да се олеснуваат отколку да ги гледаме по реални шоуа во кои се бараат таленти. Замислите ги дури тогаш пензионерските денови во автобусите. Со нарачки, со солзи, со паѓања вилици на рефрени. Ох,, aко стигне муабетов до Коце, сме го јаделе. 

Бугарски анти-алкохолен хит

Се викаат Светлио и легендите (Светльо & The Legends). Имаат една хубава песен за моралните и други дилеми во врска со пијанството. Песната е певлива до... болка.

Ама ја извезе!

Некако текстот од песната му доаѓа пребрзо, никако да го пофаќа на време и воала - се добива мрморење левел пола литар ракија говнаруша, пар топли пива од пластика и серија шотови со ликер ментол.

Неговата светост, Кралот на Црна Гора

Пред 20-тина години, Црна Гора демократски пропушти шанса каква што не се дочекува ни во сто години: како кандидат на листа на граѓани да се појави човек кој ќе ја среди државата, човек кој може да го крунисаш за крал и мирно да накривиш капа. Да се потсетиме на неговото височество, Боро Мирановиќ.