Балканштина

Кај што нема дим има Вучиќ

После сендвичите со паризер, вртењето палачинки (едно време спасуваше детe од меќава, памтите?), српскиот претседател Александар Вучиќ продолжува со ПР-от дека е човек од народот. Посетил некои тетки во кујна за да им ги проба погачите и да им го мирисне пекмезот. Некои забележаа дека иако печките се на дрва, ниедна од нив нема ќунк. А може работат на литиумски батерии? Јаки чуреви, што би рекол Антонио.

Боро - мајсторе??

Има погреби на кои се молчи, има погреби на кои се плаче а има и такви на кои богами се пее. Овие што дојдоа на последното испраќање на Бора Чорба во неговиот роден Чачак, со аплаузи, навивачки му скандираа „Бора, мајсторе!“ ??? Небаре се одушевени од неговиот последен потег во животот. Јбг, каква публика одгледуваш, такви ќе те жалат.

Пешкирите на Полихроно

Добро, за да стигнеш до таму можеби ќе треба да чмаеш три, четири, пет... часа по граници, ама па затоа, кога ќе стигнеш таму, имаш слобода вечерта да ја искористиш за оставање пешкири и рогозини по плажа (со пар камења на нив, да не ги оддува ветар) за да имаш каде утредента да легнеш. Штета што уште не им текнало со килими. Ама ок, големи сте, вие си знаете.

СПЦ Хедонистичка

Менито на владиците на СПЦ на „закуската“ по повод 10 годишнината на епископот Арсение во Ниш.

Не се ремети човек кога носи бурек

Саша Лошиќ од Плави оркестар („Путеру, путеру“ и други мега хитови) раскажува за својата прва средба со легендарниот словенечки креативец, музичар, перформер, уметник и политичар Марко Брецељ од Булдожер. Лошиќ му пристапил и љубезно му кажал дека тој многу влијаел на неговата кариера, дека нивната прва плоча му го одредила животот.... Нескротливиот Брецељ одговорил кусо и прејасно.