Балканштина

Сраем на книги

Иако во споредба со скопскиот, белградскиот саем на книги е како Дизниленд во споредба со скопскиот Луна Парк, и таму се случуваат сељачизми, како да е реално шоу Фарма. Со зборови и видео ќе ви раскаже Марчело, еден млад хип-хопер и колумнист од Белград.

Политички аналитичар од најголем калибар

Во една единствена реченица, постар господин од Сараево маестрално ја сумира моменталната политичка ситуација во Босна и Херцеговина. Одговор по кој може да се каже само: Евала, браво!

Лепа Лукиќ фан клуб

Многу пред Малите чудовишта на Лејди Гага и како и да се викаат овие на Бибер, постоеше една хардкор група на фанови кои се нарекуваа - Леписти. Односно членови на фан клубот на Лепа Лукиќ. Ова е во време на Југославија, некаде на почетокот на 70-те.

Кога нема да му платиш на веб дизајнерот

И не е толку проблем ако не му платиш, проблем станува ако и после пуштање на веб страната тој се уште има администраторски пасворд. Еден од овие два проблема треба да гo решите.

Пара идеи од СПЦ

СПЦ не е пара црква ама во своите редови има такви пара таленти, просто да ти е мерак што не сме од иста. Го пренесуваме изборот на е-новине за грејтест шитс на архимандритот Јоил Булатовиќ, игумен на манастирот Ќириловац кај Колашин. Прво, пушачите да се погребуваат надвор од гробишатата, оти му каделе на ѓаволот. Јасно ви е...

Бугарскиот Џон Андертон

Јамбол е град во југоисточна Бугарија. А град си бара градоначалник. А за градоначалник треба да имаш кампања. Е сега, моља ви се да го погледнете овој предизборен спот. Minority Report + Matrix, ете ти кмет на Јамбол! Джизс!

Балканајзер

Хармониката на Марко Милутиновиќ и нејзината магична моќ да направи кој сакате светски хит да прозвучи како да доаѓа од друмска кафана во Шумадија. Овојпат жртва на ваквиот музички ребрендинг е песната Wake me up од оној шведскиот диџеј.

Опстанок

Б92 прави документарец за четворица бездомници од Белград, кои 8 месеци ги следи по улиците на градот. Секој со своја приказна, секој со свое алиби, сите помирени. "Велико другарство. Велико пријатељство. За које моја жена рекла је и да је педерлук..." Зумбуј!

Традиционални балкански брендови

Оригиналната тема е "Традиционални српски брендови" и е дело на српскиот дизјанер Никола Пузигаќа. Човекот направил одличен редизајн на најпознатите брендови, меѓутоа бил премногу скромен па без намера да се зафаќа со останатите Балканци одлучил неправедно само Србите да ги натовари со брендовиве. Ова е за сите. Балканско, а наше.

Што пееше Гркот убиен од фашист?

"Нема да плачам, нема шанси да се плашам!" Од песната на 34 годишниот Павлос Фисас (попознат како Killah P), грчкиот музичар кој беше убиен од член на парламентарната фашистичка партија Златна Зора. Колку е таму забегано, говори соопштението на партијата во која се оградува од одговорност за убиството но истовремено, како своевидно објаснување на случајот, наведува дека убиениот "бил познат по своите антифашистички изјави".

Ја молам вашата круна

Едно 5 минути Клеопатра ќе нè потсети како беше во "златните" тв времиња (А1 главна, на неа царува Боки, Есма е омилен лик...). Ако памтењето добро ве служи, баталете го тој дел и одете на 5-та минута, кога на балканската пророчица ѝ доаѓа да им се насере на своите пациенти.