Балканштина

Вода се просула

Кога ќе ти "фати" мантрањето (кое мора да забележиме е направено во велелепно грацилен стил) не е ни чудо што космичките сили не можат да се воздржат и да не се манифестираат пред наши очи. Како и секој ваков исцелувачки настан, и оваа емисија завршува со соодветно бркање црни магии преку телевизор со огледало.

Српски рапер набацува туристи во Грција

Ако уште имате дилеми дали одморот да го минете во Грција или на некое друго место, оваа промотивна песна за Грција би требало да превагне накај некое друго место, макар тоа било и  Шула Мина. Чујте, видете и одговорете искрено: Како може да ви се допаѓа нешто (било што) што нему му се допаѓа?

Лепа Брена, одамна склона кон самоповредување

Деновиве беше дирљиво да се чита како македонските медиуми ја покажаа целата своја јудскост кога иако длабоко шокирани од злокобната вест, тие успеаа да смогнат сила да ни пренесат за "страшната сообраќајка' во која тешко настрадала балканската фолк дива Лепа Брена. Подоцна се утврди дека приказната е малку побанална но сепак, факат госпожа Јахиќ ги повредила двете раце, двете раце наопаку. Да потсетиме дека со таква нога, нејзе не и требаат раце за да си зададе болка во пределот на главата.

Говорот на нашето време

Едноставно МОРАТЕ да го послушате овој свечен говор на еден балкански бизнисмен по повод отворањето на неговата нова фабрика. Зошто морате?

Три златни правила на дебатирање

1. Никогаш не попуштај.
2. Држи се до своето ко слеп за стап.
3. Гледај последната да е твоја.
Демонстранти: Тома Николиќ и Ненад Чанак.