Балканштина

Две држави, един проблем

Комшиски добра вест за сеир: цел интернет им се смее на Бугарите за тоа колку им се бескорисни новите велосипедски патеки (за кои добиле пари од ЕУ). Самопоразувачка лоша вест: подобри им се од нашите.

Зошто пензионери шетаат со раце на газ

Белградска веб екипа пробува да открие што стои зад една од најголемите мистерии на светов, зошто пензионерите најчесто шетаат со рацете позади. Одговори и објаснувања има секакви, последниот ни се чини најблизок до вистината.

Колку труд треба за овој спот?

Ок, Ријана баш се потрудила да го привлече нашето внимание со последниот спот ама не дека и на овие простори нема уметници кои не штедат ни труд, ни време, ни пари ни идеи за да ни ја јако визуелизираат својата песна. Одиме значи со Кемал Маловчиќ, Јужни ветар и песната "Згодна, а сама" (јес!). Пазете, ова е понудено како официјален видео спот, ако налетате на некој друг, да знаете дека се работи за ефтин плагијат.

Женска луда фина, име и е Катерина

Катерина Муцацу живее и работи во Лос Ангелес (актерка, продуцент, писател) и е убава, згодна и на прв поглед, бааги луда Гркинка. Слушнете го нејзиниот хеленистички манифест еднаш, двапати, трипати.... колку што треба пати и пак ќе се прашате: Не, стварно - што уствари сака она? Ако го гледате како пародија, тогаш е пасент.

Како Американецот ја сотре српската вселенска програма

Во енциклопедијата на маалски теории на заговор за најразлични случувања на Балканот, оваа заслужува да има посебен том. Објавено е како ФБ коментар, ама ние чисто заради добро на Балканот сакаме да мислиме дека е спрдачина на авторот, а не сериозно бранет став по локални биртии и на клупа муабети.

Босанци играат фризби

Можеби и не се Босанци ама фризби секако е. Додуша расипано. Сцена од една плажа која ја покажува цела широчина на балканскиот дух. Дека играњето може да биде забавно дури и кога во раце се има очигледно неисправна играчка.

Kво остана от велика България?

Бугарскиот хип-хопер Спенс резимира како од големите сонови за Бугарија која излегува на три мориња земјата заврши како европско гето со елита од фолк пеачки и новинари со жолти наочари. С'што като кај нас.

Мојата дебела српска свадба

Драган Петровиќ е српски фотограф роден во 1958-ма. Фотографира за весници и магазини, а затоа што од тоа не се живее како што треба во последниве 30 години слика и свадби низ Србија. Веројатно најживописната збирка фотографии што се појавила на овие страници. Од што не може да се решиме која е подобра, ви лупнавме 80 слики за гледање.