Конкурсот за наградата „Жан Моне" за 2014 е објавен!

Делегацијата на Европската Унија го објави конкурсот за наградата „Жан Моне" која им оддава признание на најдобрите авторски согледувања и размислувања за ЕУ и за европската иднина на земјата. Наградата ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис, најдобра репортерска фотографија и најдобра аматерска фотографија.

Конкурсот, кој се објавува по дванаесетти пат оваа година, е отворен до 17 ноември 2014. Темата на сите апликации во сите три натпреварувачки категории треба да биде поврзана со ЕУ или со пристапувањето на земјата кон ЕУ.

Наградите што ќе бидат доделени во трите натпреварувачки категории вклучуваат плакета, како и парични награди од по 1000 евра за најдобриот новинарски напис и за најдобрата репортерска фотографија објавени во печатените медиуми или на домашните веб страници, односно 500 евра за најдобрата аматерска фотографија. Свечената церемонија на прогласување на победниците ќе се одржи во декември 2014 година.

Повеќе информации околу тоа како може да се учествува во натпреварот можат да се најдат тука.

(комерцијален текст)

17 октомври 2014 - 09:17