Kia ги објави првите слики од комплетно новиот Sportage

  • Kia Sportage за прв пат во 28-годишната историја на моделот ќе има посветена европска верзија
  • Сликите на Sportage од петтата генерација навестуваат авантуристички и современ дизајн
  • Каросеријата на моделот има јасни линии што ја брануваат површината

Kia ги откри првите официјални слики на петтата генерација на моделот Sportage - инкарнација на најпопуларниот SUV модел на марката.

Новиот Sportage треба ќе биде претставен во јули во Кореја со што се очекува моделот да постави нови граници во својот сегмент - со неговиот напреден дизајн на екстериерот и ентериерот, технологијата за поврзување и ефикасните погонски единици. Новина за брендот и моделот е тоа што за прв пат во 28-годишната историја, ќе има посветена европска верзија.

„Инспирирани од новиот дизајнерски јазик на компанијата, новиот Sportage ги предизвикува нормите за дизајн со авантуристички, но современ изглед со истакнати детали“, вели Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн. „Со новиот Sportage, ние не сакавме едноставно да направиме чекор напред, туку да преминеме на сосема друго ниво во класата SUV“, додава тој.

Откриен на почетокот на оваа година, новиот дизајнерски јазик на Kia - „Обединети спротивности“- е во основата на Sportage, влијаејќи на секој аспект на неговиот изглед и карактер. Првите слики навестуваат наметливо присуство на SUV - оддаваат почит на совршенството и едноставноста на природата, додека се поврзуваат со новата насока на дизајнот на марката.

Повеќе детали за европската верзија на комплетно новиот Sportage ќе бидат претставени во септември оваа година.

(Комецијален текст)

2 јуни 2021 - 08:19