По повод 20 години од издавањето на првата MasterCard® картичка на Комерцијална банка, која наедно беше и првата MasterCard® картичка во Република Македонија, клиентите на Комерцијална банка ќе имаат можност да добијат неверојатни награди, а наедно и да помогнат во хумани цели.
Учеството е многу едноставно. Во периодот од 21.11. до 31.12.2015 година, со секоја Ваша трансакција со Maestro® и MasterCard® картичките од Комерцијала банка од најмалку 300 денари на продажни места во нашата земја ќе добиете една шанса за учество, а со секоја бесконтактна трансакција од 300 денари ќе добиете две шанси.
Главна награда се наверојатни 20.000 евра во денарска противвредност, а утешните награди вклучуваат 20 (дваесет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол" во вредност од 5.000 денари, 20 (дваесет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари и 200 (двесте) гифт-картички во вредност од 1.000 денари.
Овој јубилеј ќе биде одбележан и со хуманост. Со секоја Ваша трансакција во периодот на наградната игра, Комерцијална банка и MasterCard® ќе донираат за потребите на Црвениот крст на Република Македонија, со што ќе им се помогне на оние на кои тоа најмногу им е потребно. Колку повеќе купувања со картичка, толку повеќе шанси за награда и толку повеќе донации.
Повеќе информации се достапни на интернет-сајтот на Комерцијална банка.
(комерцијален текст)