Фчерашни новости: Cinquième saison

Во очекување на одлуката на Франција, која деновиве нè мачи сите и во сивилото на кое некако навикнавме „Фчерашни новости“ одлучија да нè израдуваат со нова 5та Сезона! Екипата која последна дознава повторно ќе нè натера да се насмееме, макар и на своја сметка.

Поминаа 4 сезони, или што би рекле Фчерашни еден (цел) мандат. Следната сезона тие ќе откријат „Дали ќе нè биде или не?“ Ќе одат „на терен“ со партиите за нивните партиски каравани.

Според извори блиски до Фчерашни, сезонава ќе ги обработат на нивниот добро познат, храбар начин сите теми поврзани со корупцијата, како и тековните случувања во областа на судството и тенисот. И оваа зима ќе одговорат на вечното прашање „Дали ќе дишеме чист воздух“ со „НЕ“.

Секоја недела од 27 октомври, па натаму на Канал 5 телевизија остануваме „Чекор зад сите“, со Фчерашни новости.

* Cinquième saison е петта сезона на француски јазик

(Комерцијален текст)

18 октомври 2019 - 08:40