Обично велат дека многу мозгање и анализирање на натпреварите во билтен не е од некоја корист. Некогаш треба да пишеш што ти дојде од прва. Навивач на Феенорд ќе ви каже како оди тоа. Пред стартот на сезоната во Холандија ставил 25 евра дека Феенорд ќе стане шампион и дека Николај Јоргенсен ќе биде најдобар стрелец.
По 8 месеци думање и мачење што да се типува, а да не се изгине, се надзира крајот на четвртата сезона на Типстер, вашата омилена бесплатна кладилница во која ви го цениме и наградуваме трудот, колку можеме.