Во полното сандаче со тикети кои ни ги праќате, ни залутал еден од пред месец и пол кој не сме го забележале. Се работи за пријателска средба меѓу рускиот прволигаш Терек и ФК Вардар.
Како никогаш до сега сандачето после ова коло ни беше полно со махери на колото. Освен Кичевчанката, тикет со истите два точни резултати од ЛШ бил уплатен и во Германија, а во вторникот дури четворица махеришта ги погодиле Реал и Баерн кец у два, да се чуди човек. Првиот од нив на шега ни пиша дека на сон му се јавил Мино Рајола.
Стручњаци, експерти, аналитичари, статистики, зналци, сè паѓа во вода откако синоќа девојка од Кичево одиграла тикет на чиста интуиција. Во 95. минута од мечот Барса на најубав можен начин ѝ го честиташе 8 Март.
Обложувач во Дизелдорф синоќа уплатил тикет со два точни резултати: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:4 и Манчестер Сити - Монако 4:3, но во 82 минута Сане на Етихад ги постави конечните 5:3, а малериштево само тој си знае како му било.
За ваков тикет човек или треба да има многу пари на кои не знае што да им прави или да е богат коцкар во душа на кој веќе му се здосадило да оди во казино, па свртел на фудбал. А можеби се работи за нешто трето.
Не знаеме дали кај нас имаше синоќа ваков махер, до сега не добивме некој ваков тикет, ама кај Србите се најде еден. Арсенал се бори за титула и губи дома од Ватфорд, а тој ја фаќа двојка. Ленс од втора лига Франција губи во Куп од четвртолигаш, ја фаќа и таа. Третата му јаде во 87-ма со нерегуларен гол на Барнли. Добивката му е околу 1.200 евра со три меча. Да фатиш на спортска треба среќа или знаење? М?
Јануарската битка на Типстер е при крај и се поизвесно е дека прв ќе остане Никола кој ги погоди поразите на Манчестер Сити и Јувентус од Евертон и Фиорентина.